Нема афлатоксин во млечните производи на „Даноне“
Серијата млечни производи кои компанијата „Даноне“ од вчера ги повлече од пазарот во Романија споради стравувањата дека се заразени со афлатоксин, биеле безбедни за употреба , соопштија денеска од компанијата по добиените резултати од акредитирана европска лабораторија.
„Паралелно со превентивното повлекување на производите од пазарот „Даноне Романија“ испрати примероци од нив на анализа во акредитирана европска лабораторија. Резултатите добиени од лабораторијата денеска потврдуваат дека производите содржат афлатоксин во количина која е под европските норми, поради што се безбедни за конзумирање“, стои во соопштението на компанијата.Поради сомневање, компанијата повлече вчера дел од своите продукти и стопираше 75 тони млеко, откако анализите потврдија присуство на афлатоксин во млекото од еден од своите доставувачи.
Слично
