Нелсон Мандела ќе биде погребан во селото на своите предци
Поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела ќе биде погребан на 15 декември во селото на предците Куну , пренесоа светските агенции , цитирајќи go јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума .
Пет дена порано , на 10 декември , ќе има комеморативна церемонија кај Јоханесбург .
Од 8 декември во Јужна Африка е прогласена недела на жалост поради смртта на Мандела. Посмртните останки на поранешниот претседател ќе бидат изложени во претседателството на републиката во Преторија од 11 до 13 декември . Знамињата се спуштени на половина копје низ Јужна Африка.
Истовремено на денеска започнатиот самит на африкански лидери во Париз, беше оддадена почит со едноминутно молчење во спомен на Мандела , пренесе Франс прес.
Нобеловецот и прв црн претседател на Јужна Афрука помина речиси една третина од животот како затвореник на апартхејдот, а сепак успеа да ги победи неговите поразени чувари со релативно мирна транзиција на власта што беше инспирација за светот. Неговиот великодушен дух го направи глобален симбол на жртвувањето и помирувањето восвет на конфликти и поделби.
Таткото на модерна Јужна Африка, човекот кој ќе остане симбол за борбата за човековите права и слободи почина синоќа на 95 годишна возраст.
Слично
