Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неколку стотици Шкоти се собрале во Единбург барајќи независност

Неколку стотици Шкоти се собрале во Единбург барајќи независност

Над стотина Шкоти вчера се собрале недалеку од Шкотскиот парламент во Единбург со знамиња на Свети Андреја, заштникот на Шкотска, барајќи независност од Велика Британија.

Еден од активистите рекол дека сега дошло време Шкотска да стане независна држава како и дека е „изгубена првата битка“ но дека Шкотите кои сакаат независнот ќе продолжат додека не ја добијат војната.

Откако е одржан референдумот на 18 септември за независност, Шкотската Национална партија има постојано голема поддршка.

Според анкетата спроведена во почетокот на ноември, за независноста 52 испитаници биле за додека 48 одсто од оние кои сакаат да останат во унијата.

На референдумот 55,3 одсто се изјасниле против независноста додека 44,7 гласале за излегување од унијата .

   
Слично

Поврзани вести