Неколку повредени во несреќа на воз во Холандија
Неколку лица се повредени откако воз излета од шините во северна Холандија при судир со камион кој превезувал млеко, соопшти полицијата, цитирана од американските медиуми.
Полицијата во провинцијата Хронинан соопшти дека возот излетал од шините денеска крај градот Винсум, на околу 200 километри североисточно од Амстердам.
Нема информации колку патници имало во возот. Возачот на камионот не е повреден.
Слично
