НЕКОЛКУ ЛУЃЕ СЕ ПОВРЕДЕНИ: Напад со нож имаше во воз во Германија
Напад со нож имаше денеска во воз во Германија, при што неколку луѓе се повредени.
Германските власти информираа дека неколку патници се повредени во напад со нож во брзиот воз што се движел од Хамбург до Виена и дека напаѓачот е уапсен.
Според баварската полиција, нападот се случил околу 13:55 часот по локално време, додека возот минувал низ градот Регенсбург и се упатувал кон Платлинг.
„Според сегашните информации, четири лица се полесно повредени. Сторителот е уапсен од нашите сили“, соопшти полицијата.
Околу 500 патници се наоѓале во возот во времето на инцидентот.
Службите за итни случаи пристигнале на местото на настанот каде што возот бил принуден да застане откако патниците ја повлекле рачната сопирачка.
foto EPA/DAVID CHANG
Слично
