Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неколку лица повредени по инцидент во брз воз во Германија

Неколку лица повредени по инцидент во брз воз во Германија

Неколку лица се здобиле со полесни повреди при инцидент во брз воз во западниот дел на Германија, откако маж предизвикал вознемиреност и подоцна бил приведен, пренесе ДПА, повикувајќи се на полициски извори.

Според полицијата, во возот што сообраќал на релација Келн, Франкфурт експлодирале огномети. Осомничениот бил уапсен во Зигбург, во близина на Бон.

Полициска портпаролка изјавила дека мажот во еден момент се затворил во тоалетот на возот. Германскиот таблоид „Билд“ објави дека огнометот бил фрлен во ходникот.

По инцидентот, возот бил евакуиран, а засега нема официјални информации за точниот број на патници што се наоѓале во него.


Слично

Поврзани вести