Неколку илјади Авганистанци дневно влегуваат во Иран
Aгенцијата за бегалци на ОН УНХЦР вели дека половина милион Авганистанци би можеле да побегнат од земјата.
Им порачаа на соседните земји да ги држат границите отворени за оние што бараат безбедност.
„Неколку илјади Авганистанци дневно влегуваат во Иран, додека криумчарите продолжуваат да дејствуваат на границата со Пакистан“, изјави Кели Клементс, заменик висок комесар на УНХЦР.
Клементс рече дека високиот комесар на УНХЦР, Филипо Гранди, разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и други донатори за финансиска помош на УНЦХР за план за згрижување нови бегалци.
фото ЕPA
Слично
