Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неколку европски земји рециклираат над 70 отсто од отпадот

Неколку европски земји рециклираат над 70 отсто од отпадот

Во 2023 година, седум земји од ЕУ ја постигнаа целта за 2030 година - рециклирање на најмалку 70 проценти од вкупниот отпад од пакување, пишува euronews.

Белгија води со стапка од 79,7 проценти, благодарение на својот систем за собирање отпад „плати колку што фрлаш“, дизајниран да ги охрабри граѓаните да рециклираат.

Холандија е на второ место со стапка на рециклирање од 75,8 проценти, по што следат Италија (75,6 проценти), Чешка (74,8 проценти), Словенија (73,6 проценти), Словачка (71,9 проценти) и Шпанија (70,5 проценти).

Од друга страна, Романија е значително зад целите за 2030 година, бидејќи рециклирала само 37,3 проценти од својот отпад од пакување во 2023 година.

Европскиот парламент истакнува дека земјите со низок БДП историски имаат пониски стапки на рециклирање.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести