Економија, финансии, бизнис

Контакт

Некој профитира! Еве која е вистинската цена на сообраќајниот метеж во САД

Некој профитира! Еве која е вистинската цена на сообраќајниот метеж во САД
Сообраќајниот метеж не се само една од причините за доцнење за работа или одложување на обврските, туку гужвата низ улиците чини многу пари. Имено, според пресметките на американскиот „Texas Transportation Institute“, секој час поминат во сообраќаен метеж ги чини Американците по 21 долар во гориво и изгубено време. Просечниот годишен трошок за граѓаните на САД во метеж, пак, се проценува на 713 долари. Годишно, Американците без потреба трошат 1.9 милијарди галони гориво (1 галон = 3.78 л), што е еквивалентно на петдневна потрошувачката на целата територија на САД. Возачите во Вашингтон и Чикаго поминуваат просечно по 74 и 71 часа во своите автомобили, додека во Лос Анџелес метежот на жителите им одзема до 64 часа годишно. Според „Texas Transportation Institute“, за да се избегнат 60% од сообраќајниот метеж, не треба да се вози од 7 до 10 часот наутро и од 16 до 19 ч вечер.
Слично

Поврзани вести