Економија, финансии, бизнис

Контакт

Некој доби, друг изгуби; Што има на сметките на 100-те најбогати луѓе на светот!?!

Некој доби, друг изгуби; Што има на сметките на 100-те најбогати луѓе на светот!?!
Стоте најбогати луѓе во светот го зголемиле своето вкупно богатство за  5.9 милијарди долари само во изминатата недела пред се поради растот на светските пазари и покрај стравувањата околу преговорите за буџетот на САД и забавувањето се економски раст на Германија. Состојбата на сметката на најбогатиот човек во светот Карлос Слим се зголемила за 308 милиони долари оваа недела до 73.3 милијарди долари според индексот на милијардери на Блумберг. Американски индекс S & P 500 порасна за 0.13% во текот на неделата до 1 418.07 поени, додека европскиот „Stoxx Europe 600“ за  1.23% до 279.17 поени. Бертолд Албрехт, кој поседуваше половина од синџирите супермаркети Aldi Nord и Trader Joe's наследени од неговиот татко, беше изваден од листата на Блумберг, откако се појави информација дека починал. Албрехт имаше 58 година, а неговата состојба се проценува на 10.7 милијарди долари.  Смртта на милијардерот може да ја направи неговата сопруга и деца милијардери. Албрехт има пет деца, вклучувајќи ја и четворката (три момчиња и девојка), родени во 1990 година. Неговиот чичко Карл Албрехт, кој е на 92 година, е најбогат човек во Германија со лична состојба проценета на 22.3 милијарди долари. Тој пак изгубил 236 милиони долари во минатата недела. Вториот најбогат Германец е Дитер Шварц, кој ги контролира синџирите Лидл и Кауфланд, а неговата состојба се проценува на 20 милијарди долари. Шварц загуби 160 милиони долари минатата седмица. Најбогатиот Европеец пак Амансио Ортега кој го зазема третото место во индексот на милијардери на Блумберг има лично богатство од 53.7 милијарди долари. Тој го надмина Ворен Бафет за 6.9 милијарди долари. Вдовицата на Стив Џобс, Лорин изгубила речиси 350 милиони долари во минатата недела. Акциите на Епл поевтинуваат за 8.9% во последните пет дена и губат 24% од својата вредност, откако достигнаа рекордна цена во септември. Состојбата и се проценува на 10 милијарди долари.
Слично

Поврзани вести