Некои окрузи во Франција се легла на терористи, вели Макрон
Некои окрузи во Франција се легла на терористи, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој денеска во отворено писмо, бранејќи го својот став против исламските екстремисти, предупредил на оваа опасност.
Претседателот рекол дека „девојките се целосно прекриени со велови и се образовани да ги мразат француските вредности".
„Посетете ги окрузите во кои мали девојчиња од три или четири години се под целосен вел, одвоени од момчињата и од мали нозе одвоени од остатокот од општеството, образовани да ги мразат француските вредности", вели Макрон.
Целосно прикривање е забрането во Франција од 2011-та година, по контроверзниот закон наречен „забрана за бурката".
Последниот месец имаше неколку напади во Франција, во Париз и Ница каде беа обезглавени луѓе.
