Економија, финансии, бизнис

Контакт

Некои факти за Мекдоналдс што најверојатно не ги знаете

Некои факти за Мекдоналдс што најверојатно не ги знаете
Најпознатиот синџир за брза храна во светот нема добра репутација кога станува збор за здравјето или услови за работниците, но тоа не ги запре во исто време да се бидат најголемиот синџир за брза храна во светот. Бизнис Инсајдер на едно место собра неколку факти кои веројатно не ги знаете за Мекдоналдс: 1. Мекдоналдс продава секоја година околу 13 милијарди порции помфрит. Тоа значи 97 порции за секое дете родено во светот во рок од една година. 2. Мекдоналдс вработува 1,8 милиони луѓе низ целиот свет, што е двојно повеќе на пример од населението во Скопје. 3. Мекдоналдс во 2012 година за рекламирање потроши 788 милони долари или два проценти од вкупниот износ на глобалниот рекламен пазар. 4. Дневниот промет  (приближно 63 милиони луѓе) е повисок од популацијата на Велика Британија. 5. Мекдоналдс продава повеќе од 75 хамбургери во секунда. 6. Еден во осум Американци барем еднаш во животот работел во Мекдоналдс. 7. Повеќе луѓе во светот го препознаваат златни лакови на Мекдоналдс од крстот. 8. Мекдоналдс е најголемиот дистрибутер во светот на играчки: една играчка е вклучена во 20 отсто од вкупната продажба. 9. Само Американците јадат во тек на една година, 453.000 тони говедско месо во Мекдоналдс.  
Слично

Поврзани вести