НЕКОГАШ ТАМУ ЗАГИНАА СТОТИЦИ ЛУЃЕ: Силен земјотрес во Кина
Земјотресот е регистриран на длабочина од 40 километри
Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Лудинг во југозападната кинеска провинција Сечуан.
Неколку минути подоцна, земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди градот Јан, во близина на Лудиг, соопшти центарот.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 40 километри. Засега нема информации за жртви или материјална штета.
Во 2013 година, Јан беше погоден од силен земјотрес во кој загинаа повеќе од 100 луѓе, а илјадници беа повредени.
Слично
