Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕКОГАШ СИМБОЛ НА МАЖЕСТВЕНОСТ, СЕГА ЦЕЛОСНО ПРОПАДНАТ? Дали наскоро ќе умре-Американските разузнавачи за болеста на Путин

НЕКОГАШ СИМБОЛ НА МАЖЕСТВЕНОСТ, СЕГА ЦЕЛОСНО ПРОПАДНАТ? Дали наскоро ќе умре-Американските разузнавачи за болеста на Путин

Здравјето на рускиот претседател Владимир Путин со месеци е предмет на интерес, особено откако медиумите постојано споменуваа дека е тешко болен. Оваа тема беше една од главните на неодамнешната средба на администрацијата на Бајден, наведува Newsweek.

Овие високи членови на американските разузнавачки служби тврдат дека Путин бил подложен на радикален третман за напреднат рак во април и дека овие информации ги прочитале во доверлив извештај.

Високи функционери, кои претставуваат три одделни разузнавачки агенции, се загрижени дека Путин е сè попараноичен поради неговото останување на власт и ситуацијата во Украина.

Сите тројца службеници, еден од канцеларијата на директорот на Националната разузнавачка служба, еден пензиониран висок офицер за воздухопловство и еден од Одбранбената разузнавачка агенција, предупредуваат дека изолацијата на рускиот лидер им отежнува на американските разузнавачи прецизно да го проценат статусот на Путин и здравје.

Изворот, кој разговарал со новинарите на News week и кој сака да остане анонимен со оглед на тоа дека се работи за многу чувствителни теми додава дека изолацијата на Путин ги зголемила овие шпекулации за неговата здравствена состојба.

Набргу потоа, Путин почна да опбјавува фотографии од неговата канцеларија на кои е облечен во костум, па многумина неговото појавување во јавноста го протолкуваа како параноја и страв.

За време на состанокот со светските лидери одржан во Москва неколку дена пред почетокот на конфликтот во Украина, Путин разговараше францускиот претседател и германскиот канцелар на голема овална маса.

- На овие средби немаше ракувања и топли прегратки, а тоа сите го забележаа - вели разузнавачот.

Потоа следеше голема средба меѓу Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу на 21 април, овој пат на мала маса. Многумина во тоа време беа фокусирани на Шојгу, бидејќи тоа беше негово прво појавување во јавноста, по шпекулациите за наводен срцев удар и лоши односи со Путин.

Многу експерти за говор на телото забележале дека Путин наводно бил отсутен за време на разговорот и дека цело време изгледал стуткано, цело време држејќи се за работ на масата со десната рака.

Некои подоцна спомнаа дека Путин има Паркинсонова болест, додека други мислеа дека тоа му било остнато од времето кога работел за КГБ, мислејќи на неговиот ригиден став и способноста да посегне по пиштол во секое време.

Сите тие снимки и фотографии беа прегледани од експерти во разузнавачките служби во САД, а заеднички став на сите беше дека рускиот претседател е болен и веројатно умира.

Колку долго ќе трае сето ова?

Неодамнешната посета на Путин на ранетите војници во болница во Москва наликуваше на обидот на многумина Путин да му покаже на светот дека се е во ред со него. Иако подоцна разговараше со италијанскиот премиер Марио Драги и имаше видео средба на деловна конференција, се чини дека секое појавување на Путин е внимателно планирано и контролирано.

И покрај овие тврдења на Западот, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров неодамна демантираше дека здравјето на Путин е загрозено.

Прашањето што ги мачи сите е кој би можел да биде негов наследник, како и дали тој навистина умира.

- Никој не може да знае до кога ќе трае сето ова и дали неговиот режим ќе опстане - вели еден од разузнавачите.

На почетокот на конфликтот, американскиот претседател Џо Бајден и министерот за одбрана Лојд Остин изјавија дека немаат намера да го соборат режимот во Русија.

- Вооружената Русија е сè уште вооружена Русија, без разлика дали Путин е силен или слаб. Не сакаме Путин да мисли дека имаме намера да го испровоцираме и да го планираме неговото уништување - вели разузнавачот.

Тој, исто така, тврди дека Путин, ослабен на овој начин, има многу помала веројатност да влијае на неговите соработници, особено ако нареди употреба на нуклеарно оружје.

– Путин дефинитивно е болен, дали наскоро ќе умре е само претпоставка. Без разлика на се, тој и понатаму е опасен, а ние се соочуваме со хаос и треба да бидеме фокусирани на тоа - вели функционерот.

ФОТО: YouTube Print Screen/VOX

Слично

Поврзани вести