Економија, финансии, бизнис

Контакт

Некогаш бил познат рударски град, а денес има само 35 жители

Некогаш бил познат рударски град, а денес има само 35 жители

Иако Акармара, некогаш бил перспективен рударски град во кој кон крајот на 70-тите години живееле најмалку 5.000 жители, денес има само 35. 

Тој со право се нарекува „град на духови“. Поради неисплатливата индустрија на јаглен, падот на СССР, како и опсадата на градот Ткварчели од грузиските сили на почетокот на 90-тите години, жителите си заминале од градот. Опсадата  значела дека Акармара е отсечена од остатокот на светот, затоа што пости само еден пат кој води само во Ткварчели. Акармара 413 дена била препуштена сама на себе, а храна носеле Русите и сепаратистите со хеликоптери.  Градот денес изгледа страшно, со отпаднати фасади, соголени метални конструкции од згради, а бетонот е оштетен или го нема. Во големите згради наместо стотина, сега живее само по едно семејство.

Слично

Поврзани вести