Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неизвесноста на изборите во Италија ја намалија цената на нафтата

Неизвесноста на изборите во Италија ја намалија цената на нафтата

Цените на нафтата паднаа претпладнево, како последица на неизвесниот резултат од изборите во Италија, кој, според аналитичарите, претставува закана за стабилноста на земјата и за опоравувањето на еврозоната.

Нафтата на Њујоршката берза се намали за 65 центи, достигнувајќи цена од 92,46 долари за барел. Европската нафта „брент“, која се користи за одредување на цените на различни видови странска нафта, поевтини за 79 центи на 113,65 долари за барел.

„Непредвидливите избори во Италија испратија сигнал ширум глобалните пазари... предизвикувајќи паника дека неодамна започнатото опоравување на еврозоната би можело да биде загрозено. Резултатите од изборите поттикнаа страв дека многу потребното штедење во Италија ќе биде блокирано поради политичката неизвесност„, оцени консултантската куќа „ИГ Маркетс“ од Сингапур.

Коалицијата на левиот центар „Италија заедничко богатство“ (ИБЦ) на Пјер Лујџи Берсани извојува тесна победа (29,56% од гласовите) во Долниот дом од Парламентот пред блокот на десницата на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (29,17 %), но не успеа да обезбеди мнозинство и во Сенатот. За формирање влада потребно е мнозинство во двата дома.

Слично

Поврзани вести