Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕИЗВЕСНО: Шест држави ќе решат дали Трамп или Бајден ќе биде претседател

НЕИЗВЕСНО: Шест држави ќе решат дали Трамп или Бајден ќе биде претседател

Голема неизвесност има за исходот од изборите во САД. 

Исходот се сведе на шест држави во кои гласовите и денеска се уште се пребројуваат, а трката е многу рамноправна за да може некој од кандидатите да се прогласи за победник.

Демократскиот кандидат Џо Бајден има 248 електорални гласови, додека актуелниот претседател републиканецот Доналд Трамп е со освоени 213 електорални гласови, односно 214, откако вечерва му беше впишан и еден глас од сојузната држава Мејн.

И двата изборни штаба велат дека се пред победа.

Во текот на денот пак се случи посериозен инцидент пред Белата куќа кога биле нападнати приврзаници на Трамп. Лицата со повреди од нож се хоспитализирани, а повредените се членови на крајно десничарската група „Прауд бојс“. Осомничени за нападот се афроамериканци.

Слично

Поврзани вести