Неизвесна ситуација во источна Украина, новинарите во опасност
Украинските власти признаа дека припадници на полицијата во источниот украински град Доњецк преминале на страната на проруските бунтовници.
Според првиот потпретседател на украинската Влада Виталиј Јарема ситуацијата во Доњецк е многу сложена и крајно неизвесна. Тој додал и дека некои полицајци во тој град останале лојални на властите во Киев, но дел ја промениле страната.
„Дел од припадниците на полицијата во Доњецк преминаа на страната на сепаратистите“, изјави Јарема. Вооружени маскирани луѓе утрово ја зазедоа зградата на Градската управа во Доњецк и побарале од Врховната рада да овозможи спроведување на легален локален референдум за отцепување и приклучување кон Русија.
Претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ, оцени дека ситуацијата за новинарите во Украина достигна опасна фаза. По тридневната посета на Харков, Одеса и Киев, каде што зборуваше со тамошните новинари, но и со новинари од Доњецк, Миколајев и Крим, таа изјави дека новинарите во конфликтните области во Украина се „под напад, како физички, така и како дел од актуелната психолошка војна“.
„Новинарите во конфликтните области се соочуваат со насилство, напади, уништување на опремата и закани на дневна основа“, рече таа.
Новинарите во украинскиот регион Крим, што минатиот месец беше анектиран од Русија, се соочуваат со дополнителни проблеми, како пререгистрација, можно иселување од регионот ако бидат прогласени за нелојални и не добијат руско државјанство, закани, како и неможност за пристап до јавни информации.
Претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ, оцени дека ситуацијата за новинарите во Украина достигна опасна фаза. По тридневната посета на Харков, Одеса и Киев, каде што зборуваше со тамошните новинари, но и со новинари од Доњецк, Миколајев и Крим, таа изјави дека новинарите во конфликтните области во Украина се „под напад, како физички, така и како дел од актуелната психолошка војна“.
„Новинарите во конфликтните области се соочуваат со насилство, напади, уништување на опремата и закани на дневна основа“, рече таа.
Мијатовиќ изјави дека новинарите во украинскиот регион Крим, што минатиот месец беше анектиран од Русија, се соочуваат со дополнителни проблеми, како пререгистрација, можно иселување од регионот ако бидат прогласени за нелојални и не добијат руско државјанство, закани, како и неможност за пристап до јавни информации.
Таа ги повика украинските новинари да бидат солидарни и да „известуваат за вистината и да останат безбедни“.
Слично
