Нехамер: Овој судир ќе биде особено крвав, бидејќи и Украинците знаат што мисли руската страна
Рускиот претседател Владимир Путин нема да отстапи од своите барања упатени кон Украина.
Австрискиот канцелар Карл Нехамер, вели дека Путин е многу јасен во своите цели, пренесува германската интернет содржина „Пионир“. Toj кажа дека треба да го очекуваме најлошото. Вели дека Русија ги брани своите безбедносни интереси во источна Украина. Путин му кажал за неправдата кон Русите во источна Украина и дека смета дека е во право, а Западот неоправдано го критикува, пренесува „Танјуг“.
Што се однесува до целта на Путин, Нехамер рече дека според она што го слушнал од шефот на руската држава, тоа е пред сè истокот на Украина, за да се воспостави некаква безбедносна линија кон Руската Федерација.
„Тој ги повлече војниците од Киев и ги прегрупираше. Се чини дека ги става зад грбот на украинските сили, кои се на линијата на контакт. Овој судир ќе биде особено крвав, бидејќи и Украинците знаат што мисли руската страна“, рече тој.
Сепак, му повториле на Путин дека војната мора да заврши.
Испораките на оружје на САД и НАТО ќе бидат легитимни цели за руската војска, порачаа руските власти.