Економија, финансии, бизнис

Контакт

Негувателка ги дрогирала децата за да оди на солариум

Негувателка ги дрогирала децата за да оди на солариум

Негувателка од детска градинка во Орегон, САД е осудена на 21 година казна затвор затоа што ги дрогирала децата кои требало да ги чува со мелатонин за да спијат. 

Потоа во рок од три часа таа посетувала часови по крос-фит и одела на солариум за нејзиниот тен, а на родителите им кажувала дека децата спијат и да не ги земаат од градинката во тоа време.

Откако се дознало дека негувателката ги дрогирала децата за полесно да заспијат покренато е обвинение за негрижа, а судот ја прогласи за виновна. 

Џенуари Неатерлин имала легално регистрирана детска градинка, но на почетокот родителите воопшто не се ни посомневале дека е способна за ваков монструозен акт. 

Во 2007 година била осудена за кражба и измама, а градинката „Мали насмевки“ ја водела пет години. 

Слично

Поврзани вести