Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕГИРАШЕ ДЕКА ПОСТОИ КОРОНА ВИРУСОТ: Познатиот норвешки теоретичар на заговор, Гардер почина токму од оваа болест

НЕГИРАШЕ ДЕКА ПОСТОИ КОРОНА ВИРУСОТ: Познатиот норвешки теоретичар на заговор, Гардер почина токму од оваа болест

Популарниот норвешки теоретичар на заговор 60-годишниот Ханс Гардер, кој негираше дека корона вирусот е опасен, почина токму од Ковид-19 откако беше домаќин на два настана во неговиот дом.

Гардер починал на 6 април, а според прелиминарниот извештај од обдукцијата, утврдено е дека тој е заразен со ковид. Според локалните медиуми, тој неколку дена пред смртта организирал нелегален собир во општината Гран, педесетина километри северно од Осло.

Инаку, забраната за собирање поради пандемија е на сила во Норвешка од 16 март.

Најмалку 12 лица кои присуствувале на настанот биле заразени со вирусот, а полицијата го утврдува точниот број на учесници.

  - Која е причината за воведување вакви мерки за да спречат инфекција слична на настинка или грип? Дали со тоа сакаат да прикријат дека корона вирусот не се пренесува од човек на човек - напиша Гардер на Фејсбук.

Тој, меѓу другото, пишуваше за илуминатите, како и за Џо Бајден и наводната кражба на гласови на изборите во ноември минатата година.

Постои сомневање дека славниот теоретичар на заговори имал симптоми две недели пред неговата смрт, а норвешките медиуми пишуваат дека семејството инсистирало да оди на лекар, но тој не ги слушал.

Неговите текстови Ханс Гардер ги објавуваше на веб-страницата „ Nyhetsspeilet“, како и на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести