Економија, финансии, бизнис

Контакт

Негативните ефекти од смелата јапонска монетарна политика

Негативните ефекти од смелата јапонска монетарна политика
Централната банка на Јапонија ја води една од најпознатите инфлациските политики преземени досега. Планира да инјектира 1,4 трилиони долари во економијата во текот на следните две години, а Јапонија цели да постигне ценовна инфлација во износ од 2% и дополнителна девалвација на јенот. Основите цели е зголемување на извозот. Сепак, коментираат аналитичарите, резултатот од една ваква политика ќе го надуе балансот на централната банка на Јапонија (прогнозите се дека ќе се удвои до 2,9 трилиони долари). Од ноември минатата година водечкиот јапонски берзански индекс се зголеми за 70%. Економистот Дејвид Хоуден на сајтот „Мises.org “ објави дека има критички поглед за овој тип политики кои влијаат на раст на паричната маса, со цел стимулирање на економијата преку обезвреднување на валутата. Изминаа 100 години од објавувањето на книгата на Лудвиг фон Мизес „Теоријата за парите и кредитот", но гледаме дека уште тогаш Мизес бил посветен на проблемите на девалвација на валутата. Со подобрувањето на својата теорија за бизнис циклусите во книгата „Човечкото акција" откриваме дека и тогаш Мизес ги увидел штетните ефекти на експанзионистичките монетарни политики. Курсот на валутата ја изразува цената која странскиот купувач мора да ја плати, ако сака да се здобие со одредена количина домашни производи. Зголемувањето на паричната маса ќе предизвика инфлација, која ќе се одрази на зголемување на цените на стоките. Ова ќе го зголеми девизниот курс и значи дека туѓата валута ќе поскапи во однос на локалната. Или со други зборови - ќе ни треба повеќе локална валута, за да добиеме една единица странска валута. За странските купувачи ќе биде поевтино да купуваат домашни производи, а тоа несомнено ќе доведе до зголемување на извозот. Каков е заклучокот?-прашува Хоуден. Државите ќе може да го стимулираат извозот и отворат повеќе работни места во извозно-ориентираните индустрии. За жал или не, тоа не е крај на приказната! Девалвација на домашната валута прави стоките дасе поевтини при извоз поевтини за странските купувачи. Но тоа влијае и врз локалните граѓани, за кои увозот станува поскап. Тоа дава како резултат намалување на трговскиот дефицит и намалување на приливот на странски инвестиции во домашната економија. Но ако за производството на производите наменети за извоз, се потребни увезени материјали, тогаш ефектот ќе биде зголемување на трошоците за единица производ. Во конкретната ситуација - јапонските извозници ќе треба да платат повеќе за материјалите за производство на стоки наменети за извоз. Ефектот е уште поочигледен кај земји со извозно ориентирани економии. Но тие немаат предност при внесувањето на суровини за производство на стоки наменети за извоз. Клучни увид Мизес прави кога ги гледа долгорочните ефекти од една ваква политика. Ако политиката се покаже неефикасна на долг рок, тоа според Мизес ги обезвреднува краткорочните цели. Една монетарна политика насочена кон обезвреднување на девизниот курс со цел промоција на меѓународната трговија, ќе предизвика хаос во националната економија. Колку повеќе работи се менуваат, толку повеќе ситуацијата останува иста. Уште пред 100 години Лудвиг фон Мизес беше во можност да ги идентификуваат недостатоците на експанзионистичките  монетарни политики. Политичарите, вели Хоуден,  треба да ги научат овие важни лекции и да знаат какви би биле последиците од овие неуспешни мерки.
Слично

Поврзани вести