НЕДОСТИГ НА ХРАНА, ПОСКАПУВАЊЕ, ПРОТЕСТИ: Најлошото сценарио на Брегзит без договор
Плановите на британската влада да излезат од ЕУ без договор може да предизвикаат големи пореметувања на преминот преку Ламанш, што би влијаело на снабдувањето со лекови и одредени видови свежа храна, се предупредува во документот на британската влада „Операција Јелоухамер“.
Се наведува и дека е можно протести и контрапротести да се одржуваат ширум Британија и дека би можеле да прераснат во нереди.
Документот „Операција Јелоухамер“ британската влада го подготвила уште на 2 август и ја прави основата на нејзиното планирање на Брегзит без договор, пренесе Ројтерс.
Документот кој предвидува што е тоа најлошо што може да се случи ако Британија ја напушти ЕУ на 31 октомври без договор, се смета дека подготвеноста на јавноста и економијата за таков исход веројатно е низок, делумно и поради постојаната политичка конфузија околу Брегзит.
Се наведува дека камиони би требало да чекаат до два и пол дена за да го преминат каналот, како и дека британските граѓани би биле изложени на зголемени имиграциски контроли на граничните премини на ЕУ.
-Ќе се намалат одредени видови понуда на свежа храна. Има ризик дека панично купување ќе го влоши или прекине снабдувањето со храна - стои во документот.
Министерот задолжен за координација кој го подготвува Брегзит без договор Мајк Гоув рекол дека тој документ е стар и дека не се одразува на моментното ниво на подготвеност.
Деталите на планот се објавени по барање на пратениците.
