Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделно 20 илјади Руси добиваат отказ!

Неделно 20 илјади Руси добиваат отказ!

Бројот на Руси без работа, покажуваат податоците секоја недела, во последните три недели, расте за 19.000 до 20.000 луѓе, вели заменик министерот за работа Татјана Блинова, пренсува Раша тудеј.

Таа на седницата на комитетот на Државната дума за работа и социјална политика, како што пренесува  укажала Finmarket.ru дека од почетокот на 2015 година е воочена тенденција на стабилен раст на бројот на невработени граѓани.

Според пишувањата, бројот на невработени во Русија после сложената економска состојба може да достигне 2,4 милиони луѓе.

Најголемиот ризик од точка на гледиште на вработвањата, се во автомобилските компании Камаз, ГАЗ, Автоваз, укажала Блинова.

Автоваз планира да го намали бројот на работници за 1600. Од тој број 500 работни се оние кои биле предвидени да го напуштат работното место минатата година, но обемот на производствениот пограм овозможил да останат, а околу 400 работници се пред пензија, укажала Блинова.

Слично

Поврзани вести