Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нечас: Даноците и буџетскиот дефицит нема да се зголемат поради поплавите

Нечас: Даноците и буџетскиот дефицит нема да се зголемат поради поплавите

Според чешкиот премиер Петр Нечас, финансирањето на штетите поради неодамнешните поплави во земјата, нема да доведат до зголемување на даноците ниту пак ќе се покачи дефицитот во Буџетот.

По поплавите во 2010 година, чешката Влада го намали ослободувањето на данокот за сто круни (четири евра) што ја зголеми буџетската каса за неколку милиони евра, но сега тоа не се најавува.

Нечас додава дека средства за обештетување на населението погодено со годинашните поплави ќе се направи со прераспределување.

Чешкиот премиер притоа опомена луѓето да не ризикуваат премногу движејќи се во загрозените области и да не ги обновуваат градбите во областите каде постојано се поплавува. Досега во Чешка поплавите однесоа десет животи и направија штети кои се проценуваат и до четири милијарди евра.

Слично

Поврзани вести