Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ ВКЛУЧУВАЈТЕ МОЌНИ АПАРАТИ КАКО КЛИМАТИЗЕРИ, БОЈЛЕРИ, МИКРОБРАНОВИ - Кличко ги повика жителите на Киев да штедат струја и вода

НЕ ВКЛУЧУВАЈТЕ МОЌНИ АПАРАТИ КАКО КЛИМАТИЗЕРИ, БОЈЛЕРИ, МИКРОБРАНОВИ - Кличко ги повика жителите на Киев да штедат струја и вода

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика жителите на главниот град на Украина да штедат струја и да набават вода за пиење преку апликацијата Телеграм, по новите руски ракетни напади утринава врз градот.

Тој потврди дека делови од Киев останале без струја по нападот на „два објекти од критична инфраструктура“.

„Утрово во Киев поради ракетен напад од руски варвари се оштетени два објекти од критична инфраструктура. Во моментов во многу куќи делумно е ограничено снабдувањето со електрична енергија и вода. Во некои куќи падна и притисокот во водоводот, а можна е и промена на бојата на водата“, најави Кличко.

„Апелирам до сите жители на Киев максимално да штедат струја. Не вклучувајте моќни електрични апарати како климатизери, електрични бојлери, микробранови печки и слично. Ги молам граѓаните од домовите каде што привремено нема водоснабдување да се најде најблиската пумпа или апарат со вода за пиење и да се набави“, напиша Кличко.

Слично

Поврзани вести