Не трошете повеќе отколку што имате - неколку совети за успех од десната рака на Ворен Бафет
Има 96 години и е познат како десна рака на мега популарниот инвестициски гуру Ворен Бафет. Чарли Менгер има 96 години, менаџер е и потпретседател на Беркшир Хатавеј на Бафет, а само неговото лично богатсво според листата на Форбс е проценето на 1,7 милијарди долари.
Тој е исто така претседател на „Daily Journal Corpration“ и е во одборот на малопродажниот гигант „Costco“.
За време на еден настан во Лос Анџелес, тој бил запрашан како постигнал сè. „Тајната е толку едноставна, таа се состои од неколку едноставни совети”, вели милијардерот, цитиран од CNBC.
Според него, сите овие правила се многу банални, но тие се вистинити и го прават животот убав.
Инаку, Мангер е од Омаха, Небраска. Дипломирал право и работел како адвокат. Во 1959 година, кога имал 35 години, се запознал со Бафет и станале пријатели, а подоцна и колеги. Мангер е одговорен за многу успеси на „Беркшир Хатавеј“.
