Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ ТРОШЕТЕ ПАРИ НА ОРУЖЈЕ И ВОЈНА, ЗАБРЗАЈТЕ ГИ ВАКЦИНИТЕ ЗА СИРОМАШНИТЕ: Велигденска порака на Папата

НЕ ТРОШЕТЕ ПАРИ НА ОРУЖЈЕ И ВОЈНА, ЗАБРЗАЈТЕ ГИ ВАКЦИНИТЕ ЗА СИРОМАШНИТЕ: Велигденска порака на Папата

Опишувајќи ги вакцините како „клучна алатка“ во борбата против пандемијата, папата ја истакна потребата од „дух на глобална одговорност“ и ги охрабри државите „да овозможат дистрибуција на вакцини, особено во најсиромашните земји“.

Вчера, поглаварот на Римокатоличката црква, Фрањо, остро го критикуваше продолжувањето на војната во време кога пандемијата на коронавирусот создава социјални и економски тешкотии.

По велигденската миса, папата Фрањо го предаде традиционалното послание „На градот и светот“ (Urbi et orbi), посакувајќи им среќа и радост на верниците, но исто така укажувајќи на болката и страдањата предизвикани од бројните вооружени конфликти во светот и други извори на насилство во Африка, Азија и Источна Европа и на Блискиот исток.

„Пандемијата продолжува да се шири, со тешка социјална и економска криза, особено за сиромашните. И покрај тоа, и ова е скандалозно, вооружените конфликти не се завршени и воените арсенали се зголемуваат. Тоа е скандал на денешницата“, рече папата Фрањо .

Тој апелираше до меѓународната заедница да го реши проблемот со одложување на испораката на вакцини за коронавирус и да се осигура дека дозите достигнуваат дури и до најсиромашните земји.

„Секој, особено најранливиот меѓу нас, треба да добие помош и да има право да добие пристап до потребната грижа“, рече папата Франциско.

Опишувајќи ги вакцините како „клучна алатка“ во борбата против пандемијата, папата ја истакна потребата од „дух на глобална одговорност“ и ги охрабри државите „да овозможат дистрибуција на вакцини, особено во најсиромашните земји“.

Еден час порано, папата служеше Велигденска миса во базиликата Свети Петар, во присуство на само околу 200 верници, поради пандемијата на коронавирусот.


Foto: REUTERS

Слично

Поврзани вести