Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ СЕ ЗНАЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ - погодена станбена зграда од руски проектил или ракета

НЕ СЕ ЗНАЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ - погодена станбена зграда од руски проектил или ракета

Во близина на аеродром во Киев била погодена станбена зграда од проектил или ракета, рано утрово, а сликите од местото на настанот покажуваат голем удар на горните катови на облакодерите, објавија светските медиуми.

Надворешните ѕидови на неколку ката се целосно кренати во воздух, a внатрешноста е поцрнета.

Кличко рече дека бројот на жртвите не е познат.

Сликата е објавена на Твитер од Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина.

„Нашиот мирен град преживеа уште една ноќ под напад на руски ракети. Еден од нив погоди станбена зграда во Киев. Барам од светот целосно да ја изолира Русија, да протера амбасадори, да воведе ембарго на гасот. Да им ја уништи економијата. „Стоп за руските воени злосторници“, напиша тој.


Слично

Поврзани вести