НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина
Зачувување на независноста на Украина – тоа е наша задача и во тој поглед го поддржувам она што го прави сегашната (германска) влада и Европската унија, изјави за Тајмс, поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел.
Но, сигурна е дека ќе има и дијалог во одреден момент. Kaко што кажа Меркел, во соработка со новиот американски претседател Доналд Трамп, кој постојано ветуваше дека ќе го реши конфликтот, политичарите треба само да „ја одржуваат чесноста“ и доследноста, како и „да ги слушаат неговите аргументи“. Таа го поддржа ставот на Трамп дека европските земји трошат премалку за одбрана.
„Во други работи, само биди цврст. Не бидете премногу пријателски или премногу груби – само бидете свои. Мора да се обидеме да го извлечеме најдоброто од ситуацијата. И што е најважно, не плашете се“, вели Меркел.
Трамп ветуваше дека за 24 часа ќе ја реши војната во Украина. Сите се во исчекување каква позиција ќе заземе тој. Украина не планира да прави отстапки за територија. Пред неколку дена Украина доби дозвола од САД и неколку други земји, со нивното оружје да гаѓа длабоко во руска територија. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
