Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не се донесени никакви одлуки за затворање на руските граници, тврди Песков

Не се донесени никакви одлуки за затворање на руските граници, тврди Песков

Димитри Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека не е донесена одлука за затворање на границите или прогласување воена состојба.

Тој призна дека во некои региони се мобилизираат повеќе луѓе отколку што дозволува одлуката на претседателот Путин, па додаде дека „се решаваат случаите во кои има отстапувања од бараните критериуми“.

„Не знам ништо за тоа. Во овој момент не се донесени никакви одлуки во врска со тоа“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање, пренесе Интерфакс.

На 21 септември рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација, а според министерот за одбрана Сергеј Шојгу, резервисти ќе бидат повикани 300.000 луѓе, пред се оние со борбено искуство и вештини потребни во армијата.

Наредбата за делумна мобилизација предизвика протести низ целата земја, апсења на демонстранти и заминување на руските граѓани од земјата.



Слично

Поврзани вести