Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не се бонбони, но стотици деца заради нив завршија на болница

Не се бонбони, но стотици деца заради нив завршија на болница
Повеќе од 700 деца завршија во американските болници во последните две години заради труење со капсули со детергент за перење, кои заради нивниот изглед ги помешале со бонбони или играчки. Меѓу најсериозните компликации од голтање на меките провидни капсули со гел се и кома и епилептични напади. Центрите за помош при труење добиле повеќе од 17.000 повици во две години поврзани со овие производи. Повиците се однесувале на деца на возраст главно до шест години и повеќето не биле сериозно загрозени, но едно починало. Овие ризици укажуваат на потребата да се обезбеди посигурно пакување на овој производ, предупредуваат научниците. Провидните пакетчиња содржат концентрирано или неконцентрирано течно средство за перење облека. Некои се во повеќе бои, па се многу привлечни за децата. Меѓу повредите се забележани изгореници на очите, устата и грлото или труење доколку детето ја проголта содржината. Според резултатите на едно истражување, 30 деца завршиле во кома, 12 имале епилептични напади, а 144 изгореници на рожницата на окото.
Слично

Поврзани вести