НЕ САМО ПРИГОЖИН, „ВАГНЕР“ ИЗГУБИ УШТЕ ДВАЈЦА КЛУЧНИ ЛУЃЕ: Еве кои патуваа со командантот на платениците
По веста дека во
авионската несреќа во руската област Твер загина шефот на руската
паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин откако приватниот авион се урна, светските медиумитепишуваат дека платениците остануваат уште
без двајца клучни луѓе. Во меѓувреме беше објавен и списокот на сите патници и
членови на екипажот кои се наоѓале во урнатиот авион. Покрај Пригожин, на таа
листа има уште двајца клучни членови на платеничката група.
Кој беше Пригожин?
Пригожин (62) стана популарен и познат на пошироката светска јавност по избивањето на конфликтот меѓу Русија и Украина во февруари минатата година. Членовите на Вагнер, меѓу кои имаше илјадници осуденици регрутирани во руските затвори, учествуваа во најдолгата и најкрвавата битка за градот Бахмут во самопрогласената Доњецка Народна Република, потсетува Ројтерс. Пригожин континуирано ги користеше социјалните мрежи за да ги објави успесите на Вагнер за време на војната и да ги посочи неговите конфликти со руското воено раководство, пред се со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Првиот човек на Вагнер често изразуваше остри критики кон рускиот воен естаблишмент и ги обвинуваше раководителите на руското Министерство за одбрана за неспособност, па дури и за предавство. Во јуни 2023 година, Пригожин стана шеф на бунтот во кој учествуваа борците на Вагнер. Откако воспоставил контрола над градот Ростов на Дон, соборувајќи неколку руски воени хеликоптери со екипаж, Пригожин изјавил дека продолжува да напредува кон Москва.
Рускиот претседател Владимир Путин тоа го нарече предавство и вети остар одговор од државата, но набргу потоа ситуацијата беше олеснета со договор за спречување крвопролевање. Недолго потоа, официјална Москва се откажува од кривичното гонење за вооружен бунт против Пригожин, а потоа тој и дел од неговите единици заминуваат во Белорусија, наводно за да и помогнат на белоруската армија да се обучи за вистински воени ситуации.
Пригожин на крајот на јули годинава беше фотографиран во Санкт Петербург за време на самитот Русија-Африка, а пред неколку дена се појави во видео за кое рече дека е снимено во Африка, континент каде Вагнер има бројни деловни интереси.
Сепак, официјална потврда дека неговото тело е идентификувано се уште не е пристигната.
За време на авионската несреќа заедно со него загинаа и блиски соработници
Покрај него, во авионот што се урна, беше и Дмитриј Уткин, десната рака на Пригожин и една од клучните фигури во Вагнер.
Уткин беше резервен потполковник. До 2013 година, професионалниот војник командуваше со 700-от одделен одред за специјални сили на 2-та одделна специјална бригада на главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана стациониран во Печори, Псковската област.
Од 2014 година командувал со сопствената единица, која според неговиот повик го добила кодното име „Wagner PMC“.
Уткин доби неколку Ордени за храброст за неговите постапки на бојното поле.
Во соборениот авион се наоѓал и Валери Чекалов, шеф на службата за безбедност во групата Вагнер.
Чекалов беше одговорен за сите движења на Пригожин, транспортната логистика и беше единствениот кој точно знаеше кога и каде е Пригожин. Тој стана познат во јавноста минатата година, кога мнозинството западни земји, кои ја поддржуваат Украина, му воведоа санкции поради војната и поддршката за Русија.
Инаку, спасувачките служби соопштија дека се пронајдени телата на сите десет патници. Покрај горенаведените, според руската Федерална агенција за воздушен транспорт, на списокот на патници биле и: Пропустин Сергеј, Макаријан Евгениј, Тотмин Александар, Матушев Николај.
Меѓу членовите на екипажот беа пилотот Левшин Алексеј, копилотот Каримов Рустам и стјуардесата Кристина Распопова.
ФОТО: EPA-EFE/RUSSIAN INVESTIGATIVE COMMITEE