Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ САКАМ ВАКЦИНИ ВО ФРИЖИДЕРИ, САКАМ ЛУЃЕТО ДА ГИ ПРИМААТ - порака од гувернерот на Њујорк

НЕ САКАМ ВАКЦИНИ ВО ФРИЖИДЕРИ, САКАМ ЛУЃЕТО ДА ГИ ПРИМААТ - порака од гувернерот на Њујорк

Повеќе од две третини од вакцините дистрибуирани во САД се уште не се употребени, соопштија здравствените власти. Гувернерите на сојузните држави Њујорк и Флорида соопштија дека болниците кои нема да го забрзаат  процесот на вакцинирање ќе бидат казнети.

„Во Њујорк, болниците се должни да ги аплицираат сите вакцини што ги примаат во рок од една недела, во спротивно ќе мора да платаат казни, а следните испораки на вакцини ќе бидат намалени“, изјави гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо.

Тој додаде „Не сакам вакцини во фрижидери, сакам луѓето да ги примаат“, е неговото предупедување. 

Гувернерот на Флорида, пак, Рон де Сантис, објави дека болниците што побрзо вршат вакцинација ќе имаат на располагање поголеми количини вакцини.

Во САД досега се дистрибуирани околу 15,4 милиони дози вакцини против Ковид-19, но само околу 4,5 милиони луѓе ја примиле првата доза.

Слично

Поврзани вести