Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ САКАМ КРВ НА РАЦЕТЕ - ова се зборови од прошталната порака на млад руски регрут, еве која е причината за неговото самоубиство

НЕ САКАМ КРВ НА РАЦЕТЕ - ова се зборови од прошталната порака на млад руски регрут, еве која е причината за неговото самоубиство

Дваезетгодишниот руски регрут Сергеј Гридин се самоуби во касарна во близина на Москва откако дознал дека неговите команданти сакале да го испратат да се бори во Украина, пренесува независниот руски портал Медуза.

Гридин служел задолжителен воен рок во руската армија, а неговото семејство потврдило за два независни руски медиуми дека Гридин извршил самоубиство. На каналот Телеграм кој ја следи мобилизацијата, беше објавено дека неговото тело го пронашле други воени регрути, а со телото била и проштална порака во која тој бара истрага против неговите команданти (намерно наведување на лице на самоубиство е кривично дело во Русија).

Регрутите ја фотографирале прошталната белешка, а семејството на Гридин потврдило дека тоа е негов ракопис. Командантите во касарната недолго потоа ја зграпчиле пораката, која, пренесува Медуза, подоцна исчезнала од официјалната документација.

Гридин во пораката пишува дека командантите планирале да го испратат во Украина. Кога ги замолил да го остават на мира, командантот и наредниците на Гридин почнале да го малтретираат. „Не сакам и нема да опишам што ми направија тие животни, но не можам да живеам со тоа. Одлуката да умрам тука, во мојата татковина, без крв на рацете“, се вели во пораката за збогување на Гридин. 

Да потсетиме, официјален Кремљ тврди дека не испраќа регрути да се борат во Украина, иако признаа дека тоа се случило во неколку наврати, но дека наводно било по „грешка“.

Индекс.хр

Фото: Принтскрин Телеграм

Слично

Поврзани вести