НЕ САКА НА ЧЕЛО НА БРИТАНИЈА: Борис Џонсон се повлече од трката за премиерското место
Еден од заговорниците на кампањата за излез на Велика Британија од ЕУ и донеодамнешен градоначалник ан Лондон, Борис Џонсон, ја изненади јавноста и се повлече од трката за местото премиер и лидер на партијата.
Се очекуваше токму тој да го замени Дејвид Камерон на местото премиер.
Во трката за челното место на конзервативците денеска влегоа министри и видени лица од кампањата за излез на Кралството од Унијата меѓу кои Тереза Меј и Мајкл Гоув.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/nytimesworld/status/748474924692611072?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Џонсон пред новинарите рекол дека не верува дека тој е личноста која би можела да обезбеди потребно единство, а кога го завршил говорот не сакал да одговара на прашања.
„Ова е агенда за следниот премиер на земјата. Знам дека сите вие, драги пријатели, ја чекате клучната реченица од овој говор, но после консултации со колегите, земајќи ги предвид околностите во парламентот, заклучив дека таа личност не можам да бидам јас. Мојата улога ќе биде да ја пружам секоја можна поддршка на наредното лидерство на партијата, како би се погрижиле да се исполни мандатот кој народот го даде на референдум, да се предводи планот во кој верувам, да се поддржат заборавените луѓе на оваа земја“, рекол Џонсон.
Како што наведува, тој цврсто верува дека земјата, доколку продолжи да инвестира во своите деца и ја продолжи реформската зафатнина на Камерон низ ториевскиот пристап „една нација“ , ќе победи и ќе биде уште подобра и величенствена.
