Не прави пари, а инвеститорите го сакаат! Која е тајната на Пинтерест?
Пинтерест се уште не прави пари, но дефинитивно е одличен во доаѓањето до финансии.
Компанијата неодамна зеде од инвеститорите дополнителни 225 милиони долари, што е огромна инфузија на капитал која се надоврзува на 200-те милиони долари добиени во фебруари. За ова време инвеститорите сфатиле дека сервисот кој служи како дигитална огласна табла пораснала во својата вредност за 50 проценти, така што влезе во струјата на нови бизниси која вреди 3,8 милијарди долари.
Тоа се многу пари за да се поддржи компанија чиј главен производ е дигитален еквивалент на сечење фотографии од списанија, но тоа пак значи дека се уште постојат активни луѓе кои сакаат тоа да го прават: во март, Пинтерест привлече речиси 50 милиони корисници, според ОлтингсД, која прва извести за последниот круг на собирање средства од инвеститори.
Инвеститорите се фаќаат во стапица од оваа идеја затоа што тоа ги скратува чекорите во основниот бизнис модел на веб страните за социјално вмрежување. На Фејсбук или Твитер, на пример, активноста на корисникот открива информации кои компаниите можат да ги анализираат во откривањето на тоа што сте подготвени да купите, пред да им го продадат пристапот до вас на релевантните рекламери. На Пинтерест, процесот е многу подиректен: воопшто во многу случаи самото користење на Пинтерест е метод кој им кажува на компаниите што можеби вие би посакале да купите.
Првиот чекор е обезбедувањето на маса на корисници. А сите го знаеме третиот чекор: профитот. Но Пинтерест сега се наоѓа на тој лизгав втор чекор. Во текот на летото мојот колега Бред Стоун го праша Бен Силберман, извршниот директор на Пинтерест, како компанијата прави пари. Еве што одговори Силберман:
- Во моментов не правиме пари. Но претпоставката за големата слика на компанијата е дека постои директна врска помеѓу нештата кои ги огласувате и нештата на кои евентуално би потрошиле пари. Сметаме дека токму тука лежи моделот каде можеме Пинтерест да го направиме покорисен. И можеме да им помогнеме на бизнисите со доведување повеќе муштерии, и да им помогнеме да продадат нешта и да се поврзат со луѓето“.
Бизнисите навистина сакаат да влезат во играта, вели Апу Гупта од Сиркјулејт, фирма која им помага на огласувачите да се рекламираат на такви засновани на слики веб страни, како што се Пинтерест или Инстаграм (која сега е во сопственост на Фејсбук). „Работиме со 300 брендови. Можам да ви кажам дека многу брендови ни ѕвонат и не прашуваат: Како можеме да работиме со Пинтерест?“, вели тој.
- Разговорите околу Пинтерест се за веќе понудениот производ. Можете да ја заобиколите сета демографска фаза и да стигнете до вистинските луѓе кои ги сакаат точно оние производи вие кои сакате да ги продадете“.
И покрај водењето нов бизнис кој природно изгледа дека е врзан со шопингот, Пинтерест на рекламирањето му приоѓа многу внимателно. Минатиот месец од компанијата рекоа дека почнале да експериментираат со рекламирање со додавање на промовирани огласи, кои изгледаат како остатокот од другите содржини, но се објавени од спонзорите наместо од корисниците. Пинтерест ветуваат дека рекламите ќе бидат јасно обележани и нема да бидат нападни, провокативни или неважни. Тие бараат и повратна реакција од корисниците. Од компанијата велат дека се уште не наплаќаат за рекламите, додека не дознаат дали е тоа вистинскиот приод.
Инстаграм исто се обидува полека да го олесни преодот. Но на Пинтерест можеби ќе им биде полесно, затоа што рекламите кај нив се токму оној природен момент. Да се види визуелна реклама помеѓу фотографиите на профилите на вашите пријатели може да биде нападно; да се види уште една преубава столица на работната маса која сте ја составиле со супер убави столици, всушност може да биде од помош.
Првото нешто за кое од Пинтерест велат дека ќе ги потрошат новите пари од инвеститорите е на меѓународниот пораст, со план да работат во 10 земји до крајот на годинава. Компанијата исто така сака да се фокусира и на мобилноста. Пресвртот во вистински бизнис – онаков со значајни приходи – за компанијата останува на дното на листата на приоритети. Пинтерест допрва требада ги принајдат вистинските видови на прозводи за рекламирање за да им бидат од корист на брендовите, и да пронајдат ефикасен начин да ги продадат, без да ги изгуби своите корисници.
Но од веб страната каде се споделуваат фотографии, во моментов изгледа не се преокупирани со грижи заради тоа. А инвеститорите, по се изгледа, се повеќе од среќни да им дофрлаат пари со лопати врз основа на самиот потенцијал на веб страната.
Слично
