Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ ПРАЌАЈТЕ ХРАНА И НАФТА НА ИЗРАЕЛ! Врховниот лидер на Иран грмеше против соседите

НЕ ПРАЌАЈТЕ ХРАНА И НАФТА НА ИЗРАЕЛ! Врховниот лидер на Иран грмеше против соседите

Зовриените страсти на Блискиот Исток од ден на ден создаваат сè поголема нервоза низ светот

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, се осврна на војната во Газа и рече дека тоа не е војна меѓу Израел и Газа, туку меѓу вистината и лагата, меѓу ароганцијата и верата.

Хамнеи им се обрати на студентите во Техеран по повод 4 ноември, кој во Иран се слави како национален ден на студентите.

Хамнеи посочи дека арената на конфликтот меѓу Газа и Израел е арена на судир меѓу вистината и лагата и рече дека конечната победа ќе ја постигнат сојузниците на палестинскиот народ во не така далечна иднина.


- Исламскиот свет не смее да заборави дека Америка, Франција и Британија застанаа против исламот и угнетениот палестински народ во решавачкото прашање за Газа. Исламскиот свет не треба да ги заборави оние кои застанаа против палестинскиот народ и вршеа притисок врз овој угнетениот народ, а работата не е ограничена само на ционистичкиот ентитет - нагласи Хамнеи.

Тој потоа ги повика муслиманските земји да го бојкотираат Израел.

Фото: EPA-EFE/SUPREME LEADER OFFICE HANDOUT

Слично

Поврзани вести