Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ ПАТАУВАЈТЕ ВО ОВИЕ ГРАДОВИ: Премногу се опасни!

НЕ ПАТАУВАЈТЕ ВО ОВИЕ ГРАДОВИ: Премногу се опасни!

Латинска Америка го држи незавидното прво место со најмногу насилство во светот. Ова го покажуваат резултатите од годишната листа на Mexico Citizens Council for Public Security (Граѓанскиот совет на Мексико за јавна безбедност за најопасните градови во светот). Во него од 50 вклучени градови 43 се во Латинска Америка, 19 - во Бразил, 8 во Мексико и 7 во Венецуела.

Најголемиот удел на зголемување на тој криминал во регионот се должи на трговијата со дрога, гангстерските војни, политичката нестабилност и неконтролираната сиромаштија. 

Листата низ годините покажува дека најопасните градови во светот не се менуваат, а ги менуваат само своите места и бројот на убиствата. Рангирањето низ годините покажува дека најопасните градови во светот не се менуваат, а само ги менуваат местата .

Листата се состои вака:

10. Натал, Бразил, 69.56 убиства на 100 000 жители

9. Валенсија, Венецуела, 72.02 убиства на 100 000 жители

8. Сиудад Гуајана, Венецуела, 82.84 убиства на 100 000 жители

7. Сан Салвадор, Ел Салвадор, 83.39 убиства на 100 000 жители

6. Матурин, Венецуела, 84.21 убиства на 100 000 жители

5. Сиудад Викторија, Мексико, 84.67 убиства на 100 000 жители

4. Централен округ, Хондурас, 85.09 убиства на 100 000 жители

3. Сан Педро Суа, Хондурас, 112.09 убиства на 100 000 жители

2. Акапулко, Мексико, 113.24 убиства на 100 000 жители

1. Каракас, Венецуела, 130.35 убиства на 100 000 жители

Слично

Поврзани вести