Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не паѓајте на Facebook вирусот „кој ви го видел профилот“

Не паѓајте на Facebook вирусот „кој ви го видел профилот“
Корисниците на Facebook повторно се под закана од веќе добро познатиот штетен софтвер кој ги напаѓа со лажна апликација поставена од пријателите на социјалната мрежа. Кога ќе го отворите полето со вести ќе видите објава или порака од наводно ваш пријател со содржина „Фејсбук со нова опција која ве известува кога некој ви го гледа профилот“. Секако, штом кликнете на линкот ќе се изложите на огромен ризик од заразување на вашиот компјутер или смартфон со некаков вид на штетен софтвер, (malware, adware...), а ги ризикувате и вашите лични податоци. Треба да знаете дека официјално Facebook никогаш не понудил апликација за преглед на тоа кој се го отворил вашиот профил, ниту пак некогаш ќе поддржи таков вид на опција, затоа сите вакви пораки сфатете ги како измама и опасност.
Слично

Поврзани вести