Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не ни треба нафта – дајте ни вода!

Не ни треба нафта – дајте ни вода!

Жед. За неа не се зборува толку многу, колку за нафтата или "Исламска држава", но недостигот на вода стои зад конфликтите на Блискиот Исток и Африка, пишува Bloomberg.

Светскиот институт за ресурси објави оваа недела индекс на недостигот на вода, кој го смета исцрпувањето на површинските води. Тој открива кои држави се најранливи од недостиг во 2040 година. Речиси половина од 33 земји, кои спаѓаат во категоријата со исклучително висок ризик, се во Блискиот Исток.

Каде ќе се наоѓаат "најмногу пресушени" држави во светот до 2040 година

voda1

На чело се големи производители на нафта во Персискиот залив: Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати. Овие земји се соочуваат со "ексклузивни предизвици поврзани со водата", бидејќи немаат езера или реки и затоа веќе се силно зависни од подземните води и отсолена морска вода, открива студијата. Недостатокот на вода значи дека земјоделците не можат да ја одгледуваат жетвата потребна за да го нахранат населението.

Така владите можат да се собираат залихи на жито, предизвикувајќи шокови бранови на светските пазари на суровини. Неуспехот да се справат со недостигот на вода создава социјални немири и го зголемува политичкиот ризик. Тоа беше и еден од катализаторите за бунтот во Серија кој прерасна во регионална војна.

Обработка: К.К.

Извор: Bloomberg

Слично

Поврзани вести