Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не, не е Прага - европски град e со најмногу мостови во светот

Не, не е Прага - европски град e со најмногу мостови во светот

Дали некогаш сте се прашале кој европски град има најмногу мостови? Ако прво ви паѓаат на памет Прага, Венеција, Рим, Лондон или Амстердам, далеку сте од фактите.

Да ги погледнеме бројките: Париз има 37 мостови, Лондон само 35, Венеција 435, Амстердам дури 1.200, но ова е сепак неспоредливо помалку од европскиот и светскиот рекорд - Хамбург.

Според Гинисовта книга на рекорди, во Хамбург има помеѓу 2.300 и 2.500 мостови. На прв поглед изгледа неверојатно, но постои логична причина за оваа бројка. Имено, овој импресивен број мостови е резултат на единствената географија на Хамбург, пишува 24sedam.

Градот се наоѓа на вливот на три реки, Елба, Алстер и Биле. Создаден е во 9 век, развивајќи се од мала тврдина. Со текот на времето, станал клучно европско пристаниште и трговски центар. Многу важна за овој град била можноста за навигација по текот на овие реки.

Тоа беше трговска врска помеѓу Северното Море и внатрешноста на Европа. Токму ова е причината за создавањето на голем број премини и мостови од сите видови. Хамбург се наоѓаше на границата и беше потребно да се „поврзе“ со остатокот од светот. Денес, градот е украсен со прекрасни пешачки мостови, од пешачки и патни, до железнички и мобилни.

Келбрандбрике, изграден во 1974 година, се издвојува меѓу мостовите во Хамбург. Тој е еден од најдолгите мостови, долг речиси четири километри.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести