Не можете да ги видите куќите - запознајте ја најснежната земја во светот
Метеоролозите истакнуваат дека во Јапонија паѓа многу снег поради единствената комбинација од специфична клима, море и планини.
Според некои статистики на Accuweather, дури три јапонски градови со повеќе од 100.000 жители ја водат листата на најснежни места во светот, далеку пред Канада, Русија, Норвешка и други традиционални снежни дестинации.
Аомори во Јапонија се смета за град со најмногу снег во светот - главниот град на префектурата Аомори и најголемиот јапонски остров просечно има 7,9 метри снег секоја година.
Густа снежна покривка ги покрива улиците на овој град од ноември до април - тротоарите се блокирани од високи наноси од снег и мраз.
Сапоро, исто така, се бори со обилни снежни врнежи секоја година, пишува Пун куфер.
Во најголемиот град на островот Хокаидо просечно паѓаат по 4,85 метри снег, па затоа не е изненадување што е домаќин на познатиот зимски фестивал Јуки Мацури, каде што има монументални скулптури од снег и мраз.
foto printsktrin youtube
