Не можеме да ја вакцинираме планетата секои четири до шест месеци, вели експерт
Не можеме да ја вакцинираме планетата секои 6 месеци, вели водечки експерт Ендрју Полард кој учествувал во создавањето на вакцината на Оксфорд и Астразенека.
Тој објаснува дека не е изводливо на сите во светот да им се дава бустер доза од вакцина повеќе пати годишно.
„Не можеме да ја вакцинираме планетата секои четири до шест месеци. Тоа не е одржливо ниту може да се финансира“, кажа Полард, директор на Оксфордската група за вакцини и шеф на британскиот Одбор за вакцинирање и имунизација, во интервју за Дејли телеграф.
Полард вели дека поради потребата во иднина да се заштитат ранливите групи, наместо со нови дози, треба да се вакцинираат сите постари од 12 години.
„Потребни се повеќе податоци за да се утврди дали, кога и колку често на оние кои се ранливи ќе им требаат дополнителни дози“, кажа тој.
Тој смета дека се потребни дополнителни докази пред на граѓаните на Британија да им се понуди четврта доза вакцина. Во земјата во тек е вакцинирање со трета доза.
Во светот досега над 5.4 милиони луѓе починаа од коронавирусот. Освен омикрон кој се шири во Европа, во Франција е откриен нов сој. СЗО засега го следи.foto freepik.com
