Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОМОНСТРУОЗНО-ЖЕНИ ОД ИСИС СИЛУВААТ ДЕЦА: Им даваат вијагра на 13-годишни момчиња, причината е страшна

НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОМОНСТРУОЗНО-ЖЕНИ ОД ИСИС СИЛУВААТ ДЕЦА: Им даваат вијагра на 13-годишни момчиња, причината е страшна

Принудени сме да имаме секс со нив за да ги оплодиме. Можете ли да не извлечете одовде? – прашале Ахмет (13) и Хамид (14), тврдејќи дека жените, поранешни припадници на Исламската држава (ИСИС) во затворскиот центар во Ал Хол на североистокот на Сирија, ги принудуваат на секс.

Таму има 8.000 деца и жени кои се поврзани со Исламската држава, а некои од нив не престануваат слепо да го следат нивниот светоглед речиси четири години откако калифатот ги загуби териториите.

Заедно со Ахмет и Хамид, како што пишува „Дејли Бист“, на секс биле принудувани уште осум малолетници. Еден од нив рекол дека за само неколку дена морал да спие со осум жени лојални на принципите на ИСИС. Некои жени ги криеле и во подземни тунели додека припадниците на Сириските демократски сили (СДФ) не ги откриле и ги префрлиле во центарот за рехабилитација во Оркеш, пренесува „Јутарњи лист“.

Тамошните власти рекоа дека жените им рекле на момчињата дека сакаат да забременат за да го зголемат населението на групата Исламска држава и да го поздрават новиот калифат за кој биле убедени дека ќе биде воспоставен. Не се знае точно колку од нив успеале да забременат, но СДФ, која ги надгледува затворските логори, наведува дека бројката е голема. Жените кои успешно забремениле ги пораѓаат други затвореници кои се лекари или медицински сестри.

Принуден секс е проблем и во другите затворски логори за поранешните членови на ИСИС и нивните деца. Во Роха едно момче дури завршило во болница откако му се слошило откако конзумирало супстанца слична на „вијаграта“ која му ја дале жените. Во тој камп, некои мајки, сакајќи да ги заштитат своите синови, ги молеа властите во кампот да ги префрлат нивните деца во центри за рехабилитација.

Ахмед и Хамит сега се во Оркеш, како и неколку други момчиња кои го поминале истото трауматично искуство. Тие се сместени во чисти соби со кревети на спрат, што е многу подобро од преполните и нездрави затвори или логори од кои дошле. Тие посетуваат едукативни часови и играат фудбал за забава. Тие исто така се подложени на советување кое им помага да се справат со нивните трауми, но и се обидуваат да ги одвратат од следењето на идеологијата на ИСИС. Крајната цел е да се реинтегрираат во општеството.

Сместувањето на децата во центри за рехабилитација и нивното одвојување од нивните мајки беше критикувано од Обединетите нации.

„Ние сме крајно загрижени дека овие момчиња би можеле сериозно да бидат повредени и стравуваме дека тие би можеле да исчезнат и да завршат како објекти на продажба, експлоатација, злоупотреба, тортура, нечовечко и понижувачко постапување или казнување“, се вели во извештајот. Поддржувачите на политиката за отстранување велат дека сексуалната експлоатација, злоупотреба, радикализација и исчезнување е токму она што им се случува на некои од овие момчиња во камповите кога нивните мајки успешно ги шверцуваат во терористички групи.

фото: EPA

Слично

Поврзани вести