Не им се доставени 29 отсто од ветените дози вакцини - Италија се закани дека ќе ја тужи Фајзер
Италија се закани дека ќе ја тужи фармацевтската компанија Фајзер поради доцнење на испораката на вакцините против ковид-19.
„За животот на италијанските граѓани не може да се преговара“, истакна специјалниот комесар за пандемијата Доменико Аркури.
Вакцината против ковид-19 на Фајзер/БиоНтек кон крајот на декември беше одобрена од Европска Унија, но американската компанија минатата недела соопшти дека ќе ги одложи испораките во следните три до четири седмици поради промени во работниот процес во Белгија. Следниот ден компанијатра соопшти дека ја ограничува испораката за една недела.
Аркури истакна дека неделава не се доставени 29 проценти од ветените дози вакцини. Во Италија над 1,2 милиони луѓе се инфицирани со ковид-19, а повеќе од 83.000 починале од последици од вирусот.
