Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ ГО ПРИЗНАВААТ ГУАИДО: Две земји ќе ја решаваат кризата во Венецуела

НЕ ГО ПРИЗНАВААТ ГУАИДО: Две земји ќе ја решаваат кризата во Венецуела

Во решавање на кризата во Венецуела ќе се вклучат Уругвај и Мексико.

Двете земји не го признаваат опозиционерот Хуан Гуаидо, претседателот на Парламентот, кој се прогласи за привремен претседател на Венецуела. 

Тие најавија меѓународна конференција на 7 февруари во Монтевидео, на која ќе присуствуваат претставници од држави и меѓународни тела со „неутрален став“ кон Венецуела.

Ќе бидат повикани земји кои имаат исти ставови по ова прашање. 

Гуаидо ја повика меѓународната заедница да ги поддржи неговиот обид да го принуди претседателот Николас Мадуро да замине од власта.

Слично

Поврзани вести