Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ Е САМО МОСКВА: И Иран има докази за турската трговија на нафта со Исламска Држава

НЕ Е САМО МОСКВА: И Иран има докази за турската трговија на нафта со Исламска Држава

Иран има докази за незаконската трговија со нафта помеѓу Турција и Исламска држава и е спремен на Анкара и јавноста да ги изнесе информациите за тоа, рекол ирански државјанин.

Техеран присобрал фотографии и видео снимки од камион со нафта кој влегуува во Турција, пренесе Раша тудеј.

„Ако владата на Турција не е информирана за нафтената трговија на Исламска држава во таа земја, ние сме подготвени да им ставиме информации за тоа на располагање“, рекол вчера секретарот на Советодавниот совет на врховниот лидер на Иран Мохсен Резаи, а пренесе официјална иранска новинска агенција.

Иран, прецизирал Резаи, поседува фотографски и видео-докази дека нафтата на ИД влегува во Турција во камиони и е спремен тие информации да ги објави.

Резаи, исто така ги повика сите земји кои се борат против ИД да се концентрираат на искоренување на тероризмот.

Претходно оваа недела, руското Министерство за одбрана објави мапи и сателитски снимки кои, како анведува, докажуваат дека Турција е главен потрошувач на нафта која ИД ја криумчари од Сирија и Иран.

Руските тврдат дека Ердоган и неговото семејство се вмешани во тие криминални рабооти, кои тој ги демантира.

Во меѓувреме, многу турски граѓани го доведуваат во прашање одрекувањето на Ердоган, и како што изгледа, не се изненадени од доказите кои ги изнесува Москва.

Слично

Поврзани вести