Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не е само Индија, во уште една земја ситуацијата со коронавирусот е надвор од контрола

Не е само Индија, во уште една земја ситуацијата со коронавирусот е надвор од контрола

Освен Индија, и Непал е земја каде епидемиолошката состојба е многу лоша.  Состојбата е надвор од контрола, затоа што бројот на новозаразени лица нагло се зголемува. 

Во болниците се намалува бројот на слободни кревети и медицински кислород.  Во областа Банки, која се наоѓа долж границата со Индија, лекарите во болницата Бери укажуваат дека ситуацијата потсетува на „Индија во мало”, бидејќи вирусот се шири неконтролирано, пишува лондонски Гардијан.

„Само во изминатите две недели од локдаунот, дури 80 отсто од здравствените работници на клиниката Бери беа позитивни на тестот на коронавирус“, изјави началникот на клиниката, Радан Пандеј.

Непал денеска воведе строги мерки за заштита кои треба да останат во сила 15 дена. Фирмите и пазарите се затворени. Продавниците за храна можат да работат само неколку часа наутро. Неколку десетина илјади луѓе во изминатите два дена го напуштија Катманду, со цел да ги избегнат новите мерки. Границите на Непал се затворени, освен за државјаните на Индија доколку имаат негативен ПЦР тест и хотелска резервација за десет дневен карантин. Во Непал досега има 323.187 случаи на коронавирус и 3.279 починати.

Очајните Индијци пак прават медицински кислород во домашни услови, a експертите велат дека тоа се погубни методи. 

Слично

Поврзани вести