Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ Е ПУТИН, НЕ Е ТРАМП: Oва е личност на годината

НЕ Е ПУТИН, НЕ Е ТРАМП: Oва е личност на годината

Новинарот Џамал Кашоги од Саудска Арабија кој беше брутално убиен во конзултатот на оваа земја во Истанбул е меѓу лицата прогласени за Личности на годината од  магазинот „Тајм“.

Годинава, како што објаснуваат од „Тајм“ изборот паднал на „борците за вистината“.

Изборот вообичаено се однесува на лице или група лица што се светска тема и што имале влијание врз глобални настани. 

За Личности на годината се прогласени и луѓето од магазинот „Капитал Газета“ од Анаполис, Мериленд. Петмина од тимот на овој магазин беа убиени во напад што во јуни се случи во просториите на медиумот.

Чест ѝ е дадена и на новинарката од Филипини, Марија Реса, која беше уапсена под обвинение за даночно затајување, како и на новинарите на „Ројтерс“, Ва Лоне и Куа Сое О, кои речиси една година беа во затвор во Мијанмар.

Магазинот „Тајм“ во известувањето за изборот ги додаде и статистиките од Комитетот за заштита на новинарите. Според податоците, 262 новинари во 2017 година завршиле во затвор. Се стравува дека таа бројка годинава ќе биде поголема.

Слично

Поврзани вести